>
Načítání...
Nacházíte se zde:  Domů  >  Makedonie, Gruzie  >  Aktuální článek

Баросо: Целта на Путин е целосна контрола врз Украина

Od   /   30.4.2014  /   Komentáře nejsou povolené u textu s názvem Баросо: Целта на Путин е целосна контрола врз Украина

„Не се сомневам дека целта на Путин е целосна контрола врз Украина. Не говорам дека му е нужно да ја окупира целата земја, туку да има целосна контрола“, изјави претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо на форумот Atlantic Council во Вашингтон посветен на трансантлантските односи.


„Всушност самиот тоа ми го кажа. Неколкупати рече дека независна Украина е творба на Западот“, рече Баросо кој смета дека Украина е централниот дел од планот на царинската унија којашто Русија сака да ја воспостави со соседните земји, во прв ред со земјите од поранешниот Советски сојуз.

„Руските челници и очигледно претседателот Путин не ја прифатија независност на Украина и мислат дека таа би морал ада стане дел од Русија“, додаде челникот на Европската комисија.

„Целта на санкциите што ги преземаат Европската унија и САД е да се покаже дека ќе има тешки последици за Русија доколку продолжи да ја дестабилизира Украина“, истакна Баросо/

И додека многу аналитичари го истакнуваат недоволното единство на ЕУ во преземањето поостри санкции кон Русија, претседателот на Европската комисија оценува дека Европската унија преземала многу потези.

„Без оглед на тоа што ќе се преземе, санкциите ќе имаат повеќе влијание од она што можат да го преземат САД, бидејќи ние сме првиот трговски партнер на Русија“, потсети Баросо.

По прашањето на руските закани дека ќе ги сопрат испораките на природен гас за Украина којашто на руските компании им должи повеќе милијарди американски долари, што би го пореметило и снабдувањето со овој енергент на ЕУ, Баросо исто така потсети дека и Русија е зависна од Унијата.

„Вистина е дека некои наши држави членки зависат од гасот, но Русија многу зависи од Европа, бидејќи ние сме многу добар клиент кој навреме плаќа со големи пари“, смета Баросо./крај/мф/сн

Číst více    

    Tisk       Email
Translate »