>
Načítání...
Nacházíte se zde:  Domů  >  Makedonie, Gruzie  >  Aktuální článek

Емиратите сметаат дека Египет ќе биде постабилен со ал-Сиси

Od   /   31.5.2014  /   Komentáře nejsou povolené u textu s názvem Емиратите сметаат дека Египет ќе биде постабилен со ал-Сиси

Откако поради неможноста да ги стивне протестите на секуларистите армијата која ја водеше ал-Сиси го отстрани од претседателската функција првиот избран на избори претседател на Египет, Мохамед Морси кој потекнува од сега забранетото влијателно исламистичко движење Муслиманско братство, ОАЕ стана главна финансиска потпора на Каиро.

Арапските земји од Персискиот залив не се согласуваа со политиките на Морси и неговото Муслиманско братство, сметајќи ги за опасност за безбедноста во регионот. Од јули 2013 година, Саудиска Арабија, Кувајт и ОАЕ издвоиле за Египет повеќе од 12 милијарди американски долари преку заеми и донации.

Шефот на дипломатијата на ОАЕ, Абдулах бин Зајед истакнал дека неговата земја сака египетската економија повторно да застане на нозе, и ги повика и меѓународните партнери да се придружат кон тие напори.

Со бунтот од февруари 2011 година, кога беше соборен деценискиот авторитарен претседател Хосни Мубарак, Египет остана без големите приходи што ги носеше туризмот, а земјата ја напуштија и ја заобиколуваат странските инвеститори./крај/мф/сн

Číst více    

    Tisk       Email
Translate »