>
Načítání...
Nacházíte se zde:  Domů  >  Makedonie, Gruzie  >  Aktuální článek

Започна државната матура, во сабота се полага мајчин јазик

Od   /   31.5.2014  /   Komentáře nejsou povolené u textu s názvem Започна државната матура, во сабота се полага мајчин јазик

„Тука сме во „Корчагин“ за да видиме како почна процесот на полагање на државната матура со првиот испит – мајчин јазик. Одбравме да дојдеме во гимназијата, која седум години наназад покажа едни од најдобрите резултати на државната матура. Можеме да кажеме дека се се одвива како што е предвидено, не само во оваа гимназија, туку и во сите средни училишта во нашата држава. Испитниот материјал е дистрибуиран навреме, сите тестатори и набљудувачи се на своите позиции и учениците со најголема концентрација и внимание го решаваат тестот“, изјавила Хорватовиќ.

Таа додала дека испитниот материјал е доставен навреме и сите лица кои го следат процесот на државна матура се на своите места и досега нема никакви најави ниту пак информации за пречки и застој или проблеми во процесот на овој прв ден од државната матура.

„Испитот по мајчин јазик што денеска се полага трае 240 минути. Секој ученик има право во овие минути да го решава тестот. Тестот се состои во пишување есеј, кој треба да изнесува од 300 до 500 зборови. Есејот е на тема од материјалот што се учи или имаат можност да пишуваат на тема која е слободно зададена, имаат прашања повеќечлен избор и прашање со надополнување. Другите испити имаат различна минутажа. Значи, само мајчините јазици македонски, албански и турски се полагаат во 240 минути. Предметите математика на основно и напредно ниво, како и странските јазици англиски, француски, германски и руски, естетика и филозофија се полагаат со 180 минути, а останатите предмети кои оваа година како новитет се предизборен предмет се полагаат по 2,5 часа“, рекла Хорватовиќ.

Во учебната 2013/2014 година, вкупно 18.370 пријавени кандидати во сабота полагаат мајчин јазик, прв од четирите матурски испити, неопходни за продолжување на образованието на некоја од високообразовните институции, а резултатите се очекуваат 30 дена по тестирањето, почнувајќи од денеска.

На 11 јуни матурантите ќе полагаат англиски, француски, германски или руски јазик, на 13 јуни математика, естетика и филозофија, а на 16 јуни испитите по хемија, физика, биологија, историја и бизнис./крај/мф/бс

Číst více    

    Tisk       Email
Translate »