>
Načítání...
Nacházíte se zde:  Domů  >  Makedonie, Gruzie  >  Aktuální článek

Коста: Го заслуживме финалето, Мурињо: Разочаран сум

Od   /   30.4.2014  /   Komentáře nejsou povolené u textu s názvem Коста: Го заслуживме финалето, Мурињо: Разочаран сум

Атлетико го победи Челзи на „Станфорд Бриџ“ во Лондон со 3:1 и се избори за финале против градскиот ривал Реал.

„Дадовме се од себе за да се пласираме во финалето. И Реал и ние заслуживме да играме таму. Челзи беше премногу тивок, иако Фернандо Торес постигна гол. Знаевме дека нашите голови ќе се вреднуваат двојно“, рекол Коста.

Жозе Мурињо четврта сезона по ред, со екипите кои ги предводел, Лигата на шампиони ја завршува во полуфиналето. Претходните три години не му успеваше со Реал да ја мине полуфиналната фаза.

„Не можам да ги критикувам играчите, тие дадоа се од себе. Имавме проблеми со повредите, со картоните, со играчите кои немаа право на настап. Ова е разочарувачки пораз, но јас се горедам со моите фудбалери. Направивме се како што треба, да стигневме до предност од 2:1 ние ќе го контролиравме мечот. Една минута во второто полувреме реши се. Следната сезона ќе биде подоборо, тоа е нашата цел. Нашите млади играчи ќе бидат уште подобри, ќе донесеме и неколку засилувања и ќе бидеме уште подобри“, рекол Мурињо. крај/мф/нц

Číst více    

    Tisk       Email
Translate »