>
Načítání...
Nacházíte se zde:  Domů  >  Makedonie, Gruzie  >  Aktuální článek

ЛШ: Реал-Атлетико, петто финале на екипи од иста држава

Od   /   30.4.2014  /   Komentáře nejsou povolené u textu s názvem ЛШ: Реал-Атлетико, петто финале на екипи од иста држава

Реал на патот до финалето го елиминира европскиот првак Баерн, полуфиналето ‘кралскиот клуб‘ го доби со вкупен резултат од 5:0. Атлетико го елиминира Челзи, откако во првиот меч беше 0:0, во реваншот на теренот на противникот ‘јорганџиите‘ победија со 3:1.

Финалето помеѓу Реал и Атлетико ќе биде петто соочување на екипи од иста држава, откако Лигата на шампиони се игра во ваков формат, ни никогаш досега во завршниот меч не играле тимови од ист град.

Реал против Валенсија играше во финалето во 2000 година, интересно натпреварот во Париз се одигра на 24.мај (на ист датум се игра и овогодишното финале во Лисабон), а ‘кралскиот клуб‘ победи со 3:0.

Милан и Јувентус играа на „Олд Трафорд“ во Манчестер, а титулата по подоброто изведување на пенали ја освои Милан.

Пенали го решија победникот и во 2008 година, кога во Москва, Манчестер Јунајтед го победи Челзи.

Минатата сезона, а Вембли во Лондон, Баерн Минхен ја совлада Борусија Дортмунд со 2:1. крај/мф/нц

Číst více    

    Tisk       Email
Translate »