>
Načítání...
Nacházíte se zde:  Domů  >  Makedonie, Gruzie  >  Aktuální článek

Обама најави мерки за намалување на емисијата СО2

Od   /   31.5.2014  /   Komentáře nejsou povolené u textu s názvem Обама најави мерки за намалување на емисијата СО2

Како што пишува The New York Times, американскиот претседател Барак Обама сака да ги принуди управите на електричните централи на јаглен да ја намалат емисијата на јаглерод диоксидот за 20 отсто, за поефикасно водење на борбата против глобалното затоплување. Околу 40 отсто од емисијата на СО2 доаѓаат од електричните централи за кои нема никакви ограничувања во врска со емисиите на штетните гласови.

Овој проект ќе биде „првиот американски акционен план за климата“ кој ќе создаде стопанство втемелено на чиста енергија, користејќи чисти извори на енергија, со што помалку валкани енергенти, и ќе води сметка енергијата да не се троши попусто, појаснил Обама.

Во текот на првата година од примената на овие мерки, ќе бидат избегнати до „100 илјади напади на астма и 2.100 срцеви удари“, а тие бројки ќе продолжат да се зголемуваат. Идејата е да се воведе дозволено ниво на емисија на СО2 на национално ниво, како и да им се препушти на водствата на 50-те американски сојузни држави да одлучат самите како ќе ја достигнат таа цел. Весникот претпоставува дека акциониот план на Обама, најверојатно, ќе наиде на отпор кај локалните власти под контрола на републиканците./крај/мф/сн

Číst více    

    Tisk       Email
Translate »