>
Načítání...
Nacházíte se zde:  Domů  >  Makedonie, Gruzie  >  Aktuální článek

Обама објави дека заминува неговиот портпарол Џеј Карни

Od   /   30.5.2014  /   Komentáře nejsou povolené u textu s názvem Обама објави дека заминува неговиот портпарол Џеј Карни

Кога Џеј Карни почнал во петокот навечер да одговара на прашањата на новинарите на редовната прес-конференција, претседателот Барак Обама влегол во малата сала за прес-конференции во Белата куќа и ја објавил информацијата за заминувањето на портпаролот, пренесува AFP.

Карни на должноста ќе го замени неговиот досегашен заменил Џош Ернст, „еден од моите најблиски пријатели во Вашингтон“, изјавил Обама нарекувајќи го заминувањето „слатко-горко“.

Џеј Карни (49), поранешен новинар на неделникот Time и експерт за Русија, го замени Роберт Гибс во јануари 2011 година на должноста портпарол на Белата куќа, на кој дојде од местото раководител на бирото за односи со јавноста на потпретседателот Џозеф Бајден./крај/мф/сн

Číst více    

    Tisk       Email
Translate »