>
Načítání...
Nacházíte se zde:  Domů  >  Makedonie, Gruzie  >  Aktuální článek

Обама ќе се сретне со Порошенко во Полска

Od   /   31.5.2014  /   Komentáře nejsou povolené u textu s názvem Обама ќе се сретне со Порошенко во Полска

Средбата, којашто ќе биде првата официјална по изборот на Порошенко е предвидена за 7-ми јуни, во рамките на европската турнеја на американскиот претседател Барак Обама во текот на која ќе ги посети уште и Белгија и Франција, соопшти Бен Родес, заменикот на советничката на американскиот претседател за национална безбедност.

Целта на посетата е да се уверат источноевропските земји дека САД се решителни да ги бранат своите сојузници од Русија, за што како опасност се наведува референдумот на црноморскиот полуостров Крим каде населението по смената на власта во Киев преку референдум изгласа враќање на автономијата и присоединување кон Руската Федерација.

Претходно Обама во вторникот телефонски му честиташе на Порошенко за изборната победа, кога и Белата куќа ја најави скорешната средба меѓу двата претседатела./крај/мф/сн

Číst více    

    Tisk       Email
Translate »