>
Načítání...
Nacházíte se zde:  Domů  >  Makedonie, Gruzie  >  Aktuální článek

Ослободителна пресуда за Суданката осудена на смрт за преобраќање во христијанство

Od   /   31.5.2014  /   Komentáře nejsou povolené u textu s názvem Ослободителна пресуда за Суданката осудена на смрт за преобраќање во христијанство

Судијата на 15-ти мај од Мeрием Јахиa Ибрахим побара да се откаже од својата христијанска вера и да се врати на исламот. Таткото на Мариам е муслиман, а таа е осудена во согласност со исламскиот закон кој во Судан е на сила од 1983 година.. Промената на верата во оваа земја е забранета и доколку прописот биде прекршен, на сторителот му се заканува смртна казна.

Мерием во вторникот во затворот роди здраво девојченце, а веќе има 20-месечен син, во вторникот одби да се откаже од христијанската вера со зборовите „Христијанка сум и никогаш не сум се преобратила“, откако судијата констатираше дека и по трите дена кои ѝ беа дадени, таа не се вратила во исламот.

Меѓународната организација за човекови права Amnesty International објави дека Мерием била одгледана како православна христијанка, според верата на нејзината мајка, којашто самата ја израснала.

.
Мерием Јахие Ибрахим, омажена за христијанин од Јужен Судан, претходно беше осудена со 100 удари со камшик поради „прељуба“. Според суданската интерпретација на исламскиот законик, муслиманка не смее да се омажи за немуслиман, и таквиот брак автоматски се смета за прељуба.

Доколку казната, сепак, биде извршена, Мерием Јахие Ибрахим, според групата за одбрана на верските права Христијанска солидарност, ќе биде првото лице над коешто ќе се изврши смртната казна поради „прељуба“ во согласност со суданскиот кривичен закон од 1991 година.

„Жената следните денови е биде ослободена врз основа на законските процедури“, изјавил неименуваниот судански дипломат. Не прецизирал притоа дали се поништени обвиненијата против неа.

Неколку часа пред оваа информација, во саботата навечер британскиот премиер Дејвид Камерон ја повика суданската влада да ја поништи смртната пресуда за оваа 27-годишна жена, а во врска со оваа пресуда на 19-ти мај суданската влада го повика вршителот ан должноста амбасадор во Лондон.

Претходно пресудата предизвика жестоки критики од меѓународната заедница. „Остро ја осудуваме пресудата и од суданската влада бараме почитување на обврските со меѓународните закони за заштитата на правата на човекот“, соопшти портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Кетлин Хајден, осудувајќи го „системското, флагрантно и постојано кршење на слободата на вероисповед“ во Судан./крај/мф/сн

Číst více    

    Tisk       Email
Translate »