>
Načítání...
Nacházíte se zde:  Domů  >  Makedonie, Gruzie  >  Aktuální článek

Првата дама учествуваше во акцијата `Македонија им чита на децата`

Od   /   31.5.2014  /   Komentáře nejsou povolené u textu s názvem Првата дама учествуваше во акцијата `Македонија им чита на децата`

Иванова и сопругата на полскиот амбасадор во Македонија, Кинга Нетман Мултановска пред книжарницата „Култура“ се дружеа и им читаа на децата од основното училиште „Кочо Рацин“ од Скопје, од СОС Детско село и децата со посебни потреби од Здружението „Дајте ни крилја“.

Пред родителите, Иванова упати апел да ги поттикнуваат своите деца да читаат книги, затоа што, како што рече, со секоја прочитана книга добиваат едно бесценето богатство.

„Многу ми е драго што наредните неколку недели познати и истакнати личности од областа на културата, уметноста, музиката и спортот ќе се дружат со децата и на некој начин ќе ја доближат магијата на книгата кон секое дете“, рече Иванова, изразувајќи задоволство што денешниот настан се организира во пресрет на Меѓународниот ден на детето – 1 јуни.

Таа изрази надеж дека ваквите активности ќе продолжат и во иднина со цел книгата и убавиот пишан збор да се доближат до секое дете.

„Со секоја прочитана страница се отвора нов поглед кон светот. Се добиваат нови зборови, се учат многу работи, се развива детската фантазија. Децата на некој начин се соживуваат со ликовите од романите и книгите што ги читаат“, додаде Иванова.

Потсети дека живееме во време кога владеат интернетот и компјутерите и додаде оти секое дете е пред компјутер.

„И од компјутер може секое дете да прочита книга или да го разбере сижето на некоја книга. Сметам дека мислите, убавите зборови од книгата, пејсажите што се опишуваат се доживуваат тогаш ако книгата се држи во раце“, потенцира Иванова.

Кинга Нетман Мултановска истакна дека се привилегирани што госпоѓа Иванова се приклучува во оваа акција. Информира дека оваа акција во Република Полска почнала во 2001 година и оти е многу популарна, а постигнала и голем успех.

„Се надеваме дека со помош на госпоѓа Иванова ќе направиме Македонија повеќе да чита книги. Полските деца читаат многу. Осумдесет отсто од полските деца читаат книги секоја година, многу книги, не само една и не само книгите за на училиште“, рече Нетман Мултановска и додаде дека Македонија има прекрасни автори и издавачки куќи.

Според неа, книгата е се, книгата е светот, а интернетот нема да ги замени.

„Многу е важно да се научат децата да читаат. Тогаш ќе имаме и возрасни кои купуваат книги и многу читаат“, додаде таа.

Следните читања се во јуни со децата без родители и децата со посебни потреби, а се со цел нивна поголема интеграција во општеството. Читањата ќе се одржуваат секоја среда во 18 часот и секоја сабота во 11 часот, пред книжарницата „Култура“ во Скопје./крај/мф/бс

Číst více    

    Tisk       Email
Translate »