>
Načítání...
Nacházíte se zde:  Domů  >  Makedonie, Gruzie  >  Aktuální článek

Претставено вселенското летало SpaceX

Od   /   30.5.2014  /   Komentáře nejsou povolené u textu s názvem Претставено вселенското летало SpaceX

Кога „Dragon V2″ ќе започне да ги превезува астронаутите во Вселената, тоа ќе биде првпат од американска почва по последниот лет со сега пензионираните шатли изведен во јули 2011 година. Од тогаш САД исклучиво зависат од руските летала за испраќање свои астронаути во Вселената, за што издвојуваат околу 70 милиони долари по седиште, заедно со неколкумесечните подготовки.

„Dragon V2 претставува голем технолошки скок. Dragon V2 ќе може да се спушти на Земјата прецизно како хеликоптер“, изјави Илон Маск, генерален директор и основач на компанијата „SpaceX-a“ при претставувањето на леталото во четвртокот навечер во Хауторн во близина на Лос Анџелес.

Белиот „Dragon V2″ наликува на претходникот „Dragon 1″, но има поиздолжен облик. „Dragon 1″ беше првото приватно вселенско летало кое во 2012 година се спои со Меѓународната вселенска станица (ISS) и испорача опрема, по што изврши уште три мисии.

Американската агенција за вселенски истражувања NASA ги избра компаниите „SpaceX“, „Boeing“, „Sierra Nevadа“ и „Blue Origin“ за изработка на летало коешто ќе ги превезува американските астронаути во рамките на јавното приватно партнерство. Притисокот планот да биде остварен што побрзо е засилен со тензиите меѓу Москва и Вашингтон околу украинската криза, и американските санкции против Русија под кои потпаѓаат и некои области од соработката во сферата на вселенските програми.

Во март годинава директорот на NASA Чарсл Болден го повика американскиот Конгрес да ги додели сите барани средства во буџетот за 2015 година за вселенската агенција за да се финансира партнерството со приватниот сектор и оцени дека е „неприфатливо“ САД да зависат од Русија.

Исто така, NASA го покрена и проектот за изградба на капсулата „Orion“ којашто некогаш би требала да ги превезува астронаутите до Марс.

Покрај тоа, NASA склучи договор во износ од 1,9 милијарди долари за снабдување со опрема на ISS со компанијата „Orbital Sciences Corporation“ којашто ја изработи капсулата „Cygnus“ чијашто прва испорака беше во јануари 2014 година.

На овие американски обиди за „вселенско осамостојување“, Русија одговори на крајот од март 2013 година кога вселенски брод „Сојуз ТМА-08М“ со тројца астронаута стигна на Меѓународната вселенска станица (ISS) минувајќи го патот до станицата во Земјината орбита за помалку од шест часа, во програмата на руската вселенска агенција Роскосмос.

Леталото „Сојуз“ беше лансирано тогаш од рускиот космодром Бајконур во поранешната советска република Казахстан во 21,43 часот по средноевропско време а на Меѓународната вселенска станица (ISS) преку нова траекторија во петокот во 3,29 часот по средноевропско време.

На сите досегашни екипажи, како со сека „пензионираните“ ракетоплaни (шaтлите) на американската агенција за вселенски истражувања NASA, така и на руските капсули „Сојуз“ им беа потребни најмалку два дена да пристигнат до ISS која орбитира над Земјата на околу 400 километри.

Новата скусена траекторија, првпат е користена за превоз на екипаж до станицата, а го скратува патувањето за околу 45 часови во однос на досегашните летови. Овој „експресен“ лет на ISS претходно беше испробан во три мисии во кои руските капсули „Прогрес“ пренесуваа само продукти за снабдување на екипажот на Меѓународната вселенска станица, но не и астронаути./крај/мф/сн

Číst více    

    Tisk       Email
Translate »