>
Načítání...
Nacházíte se zde:  Domů  >  Makedonie, Gruzie  >  Aktuální článek

САД потврдија дека Американец е извршител на самоубиствен напад во Сирија

Od   /   31.5.2014  /   Komentáře nejsou povolené u textu s názvem САД потврдија дека Американец е извршител на самоубиствен напад во Сирија

„Веруваме дека во самоубиствен напад во Сирија е вмешан американскиот државјанина Монер Мохамад Абу-Салха“, се вели во соопштението на Џен Псаки.

Овој бомбаш самоубиец извршил еден од четирите самоубиствени напади на 25-ти мај во сириската провинција Идлиб, што неговите соборци го снимиле на видео и го поставиле на интернет. Се смета дека ал-Салха бил обучуван во еден од камповите на организацијата Фронтот ан-Нусра, крило на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, која во Сирија заедно со вооружената сунитска опозиција која, пак, е поддржана од Западот, се бори против претседателот Башар ал-Асад.

Според весникот The New York Times, кој прв го објави името на Американецот, станува збор за лице кое израснало на Флорида а во Сирија заминал минатата 2013 година. Весникот, исто така, пишува дека тој го зел псевдонимот Абу Харајра ал-Амрики.

Претставник на американската безбедност рекол дека американското разузнавање имало сознание и пред нападот дека еден американски граѓанин заминал во Сирја за да им се придружи на милитантите, пишува Reuters.

Американските власти добиле само индиректно докази за смртта на терористот, анализирајќи ги податоците од нивните извори во Сирија и податоци добиени од странски влади. На социјалните мрежи се појави видео од бомбашот самоубиец и негова фотографија, на која се гледа маж на 30-годишна возраст со бел тен и светла брада кој во раката држи меч.

Според различни процени, околу три илјади лица од западните земји учествуваат во воените дејствија на бунтовниците против сириските владини сили. Според The New York Times, западните разузнавачки служби стравуваат дека тие враќајќи се во своите земји ќе продолжат со радикалните и терористички активности./крај/мф/сн

Číst více    

    Tisk       Email
Translate »